Дома Фудбал Лига на шампиони Бразилецот скромен: Повеќе сакам да асистирам

Бразилецот скромен: Повеќе сакам да асистирам

Јувентус во вчерашниот натпревар против Монако обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за победата беше Бразилецот Дани Алвеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алвеш во победата од 2:1 во реваншот запиша асистенција и погодок, кој беше навистина прекрасен, а не треба да се заборават и неговите две асистенции од првиот натпревар во кој клубот од Торино славеше со 2:0.

„Најважно е што помогнав мојот тим да победи, не е важно дали постигнав гол или асистирав. Не погодувам често, поради тоа сум среќен, но повеќе сакам да асистирам. Сега ќе играме во финалето и имаме животна шанса, напорно работевме и мислам дека можеме да славиме”, изјави Алвеш.

Финалето од Лигата на шампионите се игра на 3 јуни во Кардиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Халанд ја водеше Норвешка до победа над Ирак (Видео)

Фудбалерите на Норвешка забележаа значајна победа на стадионот Жилет во Фоксборо, откако в…