Македонскиот најдобар кикбоксер, Бобан Илиоски со златен медал се враќа од Европското првенство во Грција.
Илиоски во финалето денеска беше подобар од полскиот натпреварувач Ерик Ниевгловски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Илиоски ова беше одбрана на Европската титула во сениорска конкуренција од пред две години. Финалната борба Илиоски ја доби со 2:1.
Претходно пласманот во финалето Илиоски го обезбеди со победата над домашниот натпреварувач Христос Филис.
На ова Европско првенство медал за Македонија освои и Стефан Михајловски кој во категоријата кик лајт до 94 килограми стигна до бронзата.
На ЕП настапуваа 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.