Дома Фудбал Италија Бонучи: Ова е за сите кои не погребаа, ние победуваме 10 години се друго е приказни за во кафана

Бонучи: Ова е за сите кои не погребаа, ние победуваме 10 години се друго е приказни за во кафана

Фудбалерите на Верона го направија најголемото изненадување во последното коло од Серија А.

Верона немаше императив од победа, но не му дозволи на Наполи да победи, а со тоа му помогнаа на Јувентус кој ја победи Болоња да се пласира во ЛШ. За Јувентус да се пласира во ЛШ покрај што беше потребна нивна победа требаше и некој од Наполи и Милан да не победат, Милан ја заврши работата со Аталанта, но Наполи се „сопна“ со Верона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


По овој натпревар стоперот на Јувентус, Леонардо Бонучи испрати порака до оние кои предвреме заклучија дека „старата дама“ нема да игра во ЛШ.

„Сите веќе не погребаа, затоа ова беше важно, ние покажавме менталитет. Имавме проблеми губевме бодови, но на крајот бевме најдобри кога најмногу требаше. На крајот ние освоивме два трофеи и се пласиравме во ЛШ кога сите ни спремаа погреб. Ние победуваме 10 години, се друго е се приказни за во кафана. Се гледаме Јувентини на нашиот стадион и во Лигата на шампионите“, порача Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…