Дома Фудбал Италија Бонучи го прокометира најновниот расистички скандал во Италија

Бонучи го прокометира најновниот расистички скандал во Италија

Минатиот викенд во Италија се случи нов расистички скандал кога во натпреварот помеѓу Каљари и Интер навредуван беше Ромелу Лукаку.

Стоперот на Јувентус, Леонардо Бонучи на истото место минатата година слушаше навреди за неговиот соиграч Моис Кин кој оваа сезона настапува во Евертон. Тогаш Кин на навредите одговори со гол.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Бонучи тогаш ја подели вината.

„Кин мора да знае дека кога ќе постигне гол треба да го слави со соиграчите. Да, ги слушнавме навредите, но мислам дека вината е 50-50. Бидејќи Моис не требаше да направи нешто такво, а навивачите не смеаа да реагираат онака како што реагираа“, изјави тогаш Бонучи.

Бонучи подоцна се правдаше дека неговите зборови не се сфатени најдобро. Во овој момент тој е со репрезентацијата на Италија поради обврските во квалификациите за ЕП, стоперот го прокоментира инцидентот со Лукаку.

„Многу деликатна ситуација, постои начин да се идентификуваат виновниците и повеќе да не се пуштат на стадион. Не е во ред да се генерализира. Вакви работи не се случуваат само во Италија, туку во цела Европа“, порача Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…