Дома Фудбал Останато Болт го критикуваше Мурињо: Манчестер Јунајтед стана досаден

Болт го критикуваше Мурињо: Манчестер Јунајтед стана досаден

Легендарниот спринтер кој има огромна желба да стане фудбалер испрати критики до тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Усаин Болт истакна дека не му се допаѓа начинот на кој игра Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Познато е дека Јамајканецот е голем навивач на Манчестер Јунајтед и дека му е сон да заигра на „Олд Трафорд“, но оваа изјава нема многу да му помогне во тоа.

„Започнавме добро, но потоа станавме достадни, не ми се допадна таквиот стил бидејќи сум навикнат да го гледам Манчестер Јунајтед како напаѓа. Мурињо е премногу дефанзивен“, изјави Болт.

Потоа Болт ја прокоментира и ситуацијата со Пол Погба.

„Подобро би му било (на Мурињо) да остане“, истакна Јамајканецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар со „уништена нога“ направи чудо (Видео)

Бразилската ѕвезда Нејмар направи чудо со Сантос. Дојде како спасител за паднатиот великан…