Дома Фудбал Останато Боатенг не е „принц“, со овој потег докажа дека е „крал“

Боатенг не е „принц“, со овој потег докажа дека е „крал“

0
boateng

Кевин-Принц Боатегн минатиот месец го напушти Сасуоло и ги изненади сите со неговиот трансфер во Барселона.

Боатенг за каталонскиот клуб ќе игра на позајмица до крајот на оваа сезона, а потоа Барса ќе има шанса да го откупи неговиот договор. Пред неколку месеци ниту самиот Боатенг не можеше да верува дека еден ден ќе заигра во Барселона особено бидејќи тоа што неодамна пристигна во Сасуоло.

Меѓутоа, заминувањето од Сасуоло ги налути некои навивачи, односно оние кои сакаат да играат „Fantasy Football“. Во Италија тоа функционира преку „Gazzetta dello Sport“, а еден од играчите во својот тим го имал и Боатенг и инвестирал многу во него.

Тие кои ја играат оваа игра можат и парично да добијат награда, а еден од нив и му испратил порака на Боатенг. Тој ја објаснил ситуацијата и дури на шега напишал дека сака пари кои ќе ги загуби, а дури ја напишал и својата жиро сметка.


Следете го Sportski.mk и на


Сепак, тој признал дека сето тоа го направил за да се пошегува со своите пријатели и не очекувал дека Боатенг воопшто ќе ја отвори пораката. Но, потоа се шокирал кога Боатенг ги уплатил парите и му испратил уплатница како доказ. Играчот останал во неверување, а парите ги донирал во хуманитарни цели со пораката: „Ти не си принц, ти си крал“.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вечерва се постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата! (ВИДЕО)

Вечерва се постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата! Само шест секунди му бе…