Еминентниот германски весник „Билд“ ексклузивно пренесува дека Баерн Минхен и Реал Мадрид започнале преговори за трансфер на Иско.
Иско не е среќен од својот статус во тимот, со доаѓањето на Солари падна во втор план, па е спремен да ја промени средината уште во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силен интерес за Шпанецот покажуваат уште Јувентус и Манчестер Сити, но според „Билд“ токму Баерн Минхен е во пол-позиција за неговиот потпис.
Наводно Иско веќе некое време преговарал со Баерн и избрал токму во тој клуб да ја продолжи кариерата.
Плејмејкерот има договор со „кралевите“ до 2022 година и во него има откупна клаузула, но јасно е дека доколку дојде до трансфер тој ќе се реализира за помала сума.
Наводно двата клуба отпочнале преговори за трансферот, но Реал преферира да го продаде Иско на лето, а не на средина од сезоната,
FC Bayern wohl in der Pole-Position bei Isco von Real Madrid https://t.co/fYw5vnu2cw pic.twitter.com/R4YwCjJjw0
— Goal Deutschland (@GoalDeutschland) December 7, 2018