Дома Фудбал Италија „Биковите“ совладани на „Олимпико“ во грчко-римски стил

„Биковите“ совладани на „Олимпико“ во грчко-римски стил

По големиот триумф во Наполи во изминатото коло, Рома пред домашната публика славеше над Торино со 3:0.

Гостите издржаа до 56. минута, кога резултатот го отвори Костас Манолас.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По еден корнер од левата страна, „Биковите“ не успеаа да ја одбранат опасноста, топката на другата страна дојде до Флоренци, а тој центрираше, па Гркот беше прецизен во противничката мрежа.

Во 73. минута Торино повторно лошо бранеше по прекинот, па Де Роси казни со погок и ја отвори вратата до победата.

Триумфот го зацементира Лоренцо Пелегрини по контранапад кој го повлече Наинголан во продолжението за конечни 3:0, па „Римската волчица“ се зацврсти на третата позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…