Бизарна ситуација се случи во аргентинското првенство, а истата ги налути медиумите во оваа земја и ја опишуваат како „циркус“ и „непочитување на фудбалот“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во центарот на вниманието се најде аргентинскиот јутјбе, Иван Бухарерук кој има прекар „Spreen“. Станува збор за ѕвезда на социјалните мрежи и само на Инстаграм го следат 5.4 милиони луѓе, додека неговиот „јутјуб“ канал брои 7.75 милиони претплатници.
Тој доби да одигра неколку секунди во натпреварот помеѓу Депортиво Риестере и Велез. Тренерот на Депортиво го смести во нападот каде што не помина ниту една минута пред да го замени со Густваро Фернандез.
Таквиот потег на тренерот Фабијани ги разбеснил медиумите и новинарите во Аргентина.
„Публиката беше во шок, не смееме да дозволуваме вакви работи. Најбрзата промена во аргентинскиот фудбал ќе се памети како маркетиншки потег на натпреварот помеѓу лидерот на табелата и деветопласирана екипа. Никогаш не сум видел вакво нешто. Срамота“, зборуваше коментаторот на „TYS Sports“ во преносот.
Spreen best skills – Riestra vs Vélez 2024 pic.twitter.com/NUSvZ29AlD
— Marcos (@marcosquintanna) November 11, 2024