Maнчестер Сити денеска во рамките од 11. коло во англиската Премиер лига гостува на Брајтон во терминот од 18:30 часот.
Пред овој натпревар внимание привлече потегот на Пеп Гвардиола. Имено, шпанскиот стратег имал бизарна прес-конференција за медиумите на која прво доцнел 30-тина минути, а потоа ја завршил за нешто повеќе од три минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола одговораше на прашањата ос најкратки можни одговори.„Гвардиола не е задоволен и добро внимаваше што ќе каже за да не ја помине границата, неговата прес-конференција беше „ремек-дело со кое го сврте фокусот од резултатската криза на тимот“, пишуваа медиумите.
Во денешниот натпревар Манчестер сити влегува со серија од три порази.