Дома Фудбал Италија Бизарен случај: Фабрегас даден на суд – не плаќал кирија!

Бизарен случај: Фабрегас даден на суд – не плаќал кирија!

Италијанските медиуми пренесуваат необична ситуација поврзана со поранешниот фудбалер, а сега тренер на Комо, Сеск Фабрегас.

37-годишниот Шпанец го води Комо кој сезонава влезе во Серија А каде што изгледа дека ќе води голема борба за опстанок бидејќи и по четири кола имаат само два бода. Но, Фабрегас се соочува со бизарна работа надвор од теренот.

Имено, Фабрегас живее во Бисоне, богат регион во Швајцарија кој е одалечен 25 километри од Комо. Но, станот не го купил, туку го изнајмува и наводно не платил веќе неколку рати не платил станарина.

Според, италијанските медиуми неговиот долг изнесува 36.000 евра и сопственикот на станот одлучил целиот случај да го даде на суд. Рочиштето е закажано за идната недела. Во случај Фабрегас да го изгуби случајот Фабрегас со неговото семејство ќе биде исфрлен од станот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…