Дома Видео Бејл во 94. минута можеше да биде јунак на Реал, но стативата беше сојузник на ПСЖ

Бејл во 94. минута можеше да биде јунак на Реал, но стативата беше сојузник на ПСЖ

Реал Мадрид синоќа одигра 2:2 на Сантијаго Бернабеу против ПСЖ.

Екипата на Зинедин Зидан поведе со 2-0 со головите на Бензема во 17-та и 79-та минута, но Парижаните со головите на Мбапе во 81-та и Сарабија во 83-та минута стигнаа до 2-2.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тоа беше на крајот конечниот резултат, иако двата тима имаа шанси да постигнат уште еден гол и да дојдат до победа.

Прво, во 92-та минута, Мбапе можеше да ги донесе сите три бода за гостите, но беше непрецизен.

После тоа Реал Мадрид во 94. минута имаше уште подобра шанса кога беше досуден слободен удар, но Герет Бејл ја погоди стативата и резултатот остана непроменет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …