Шпанецот повторно во нов клуб.
Фудбалскиот клуб Бешикташ денеска го претстави Алваро Негредо како ново засилување. Бешикташ за искусниот Шпанец на Валенсија им плати 2.5 милиони евра и Негредо пристигнува како големо засилување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Негредо минатата сезона ја помина на позајмица во Мидлсброу, а пред тоа играше и за Манчестер Сити, Севиља, Реал Мадрид и Алмерија. Негредо заедно со Пепе ќе биде најголемото засилување на Бешикташ, за кого играат и Душко Тошиќ, Рикардо Кварезма и поранешниот ас на Барселона, Адријано.
Ќе видиме дали Негредо ќе ги оправда очекувањата на турскиот клуб, а тоа колку се подготвуваа за неговото доаѓање, покажува и видеото со кое го најавија неговиот трансфер со Пепе и Кварезма во главните улоги.
DEAL DONE: Besiktas have signed Alvaro Negredo on 3-year deal. The announcement video is class. (Source: @Besiktas) pic.twitter.com/LxbHTfIbHb
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 2, 2017