Дома Фудбал Беше најдобар играч на Светското првенство во фудбал. Сега професионално ќе игра тенис

Беше најдобар играч на Светското првенство во фудбал. Сега професионално ќе игра тенис

Уругвајската легенда Диего Форлан (45) го одигра својот последен професионален фудбалски натпревар пред повеќе од шест години, но се уште активно се занимава со спорт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Форлан му се врати на тенисот, спорт кој го играше заедно со фудбалот до својата 16-та година. Од јули минатата година, Форлан се натпреварува на мастерс турнејата на ИТФ, каде што се натпреваруваат играчи постари од 30 години.

Форлан го привлече вниманието на јавноста овој јуни, кога стигна до четвртфиналето на турнирот во Лима за играчи на возраст од 45 и повеќе години.

Сепак, во ноември ќе оди чекор понатаму. Тој ќе настапи на професионалниот Челинџер турнир во Монтевидео, главниот град на Уругвај.

Форлан во конкуренција на двојки ќе игра со Аргентинецот Федерико Корија (32), моментално на 101. место во светот во сингл и 407. во двојки.

Организаторите на турнирот го споменаа интересниот податок дека Форлан го држи рекетот со левата рака, иако како фудбалер беше познат по одличниот удар со десната нога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо направи тензична атмосфер на прес-конференцијата: Погледнете што се случи (Видео)

Кристијано Роналдо создаде тензична атмосфера на прес-конференцијата пред натпреварот поме…