Дома Фудбал Англија Бербатов за Погба: Навивачите го критикуваат цело време, без да знаат дали е крив или не

Бербатов за Погба: Навивачите го критикуваат цело време, без да знаат дали е крив или не

Се уште не е познато дали Пол Погба ќе остане во Манчестер Јунајтед.

За иднината на Погба се шпекулира веќе подолго време, иако Солскјер неодамна изјави дека навивачите не треба да се грижат и дека Погба ќе остане.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Димитар Берабтов смета дека бројните критики од јавноста влијаат на психата на Французинот.

„Тие критики се неоправдани. Цело време го напаѓаат без разлика дали е крив или не. Тој прави се за да се вклопи и нема потреба некој да се сомнева во неговата етика и желба да биде тука“, изјави Бербатов.

Според него Погба ќе остане, но свесен е дека има клубови кои со задоволство би го довеле.

„Се надевам дека ќе се вклопи и ќе нема проблеми со повредите. Дури тогаш може да го прикаже најдобриот фудбал. Секако дека постојат тимови кои сакаат да го доведат. Тука Реал Јувентус, ПСЖ…“, додаде Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…