Дома Фудбал Репрезентации Бензема побара да игра за друга репрезентација – еве како може тоа да се случи!

Бензема побара да игра за друга репрезентација – еве како може тоа да се случи!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Францијал, Ноел Ле Грет вчера официјално ја затвори вратата во репрезентацијата за Карим Бензема.

Тој порача дека напаѓачот на Реал Мадрид е одличен фудбалер, но нема да игра затоа што се однесувал како „магаре“ кон Валбуена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Веднаш потоа следеше одговор на Бензема, кој јавно побара да игра за друга репрезентација.

„Оставете ме да играм за земјата за која можам и сакам да играм ако мислите дека сум завршен фудбалер“, истакна Бензема алудирајќи на Алжир.

Бензема е од алжирско потекло, но е практично невозможно тој да заигра за африканската репрезентација. „Марка“ открива што е потребно да се случи за тоа да биде реално.

1 Француското правосудство треба да му го одземе француското државјанство.

2 Фудбалерот треба да добие алжирски пасош

3 Треба да се бара дозвола од ФИФА според член 18, кој дозволува настап за друга репрезентација, само на фудбалери на кои ќе им биде одземено државјанството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …