Дома Фудбал Лига на шампиони Бензема: Одиме со нашите навивачи да направиме нешто магично на „Бернабеу“

Бензема: Одиме со нашите навивачи да направиме нешто магично на „Бернабеу“

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна два гола во поразот на „кралевите“ од 4:3 во полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Бензема игра фантастична сезона во која на 41 натпревар постигна 41 гол, а во Лигата на шампионите е најдобар стрелец со 14 постигнати гола. Реал против Сити три пати имаше два гола негатива, но успеваше да се врати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Секако дека ниту еден пораз не е добар, но најважно од овој натпревар е што покажавме дека не се предавме во ниту еден моменти. Сега со нашите навивачи на „Бернабеу“ ќе се обидеме да направиме нешто магично за пласман во финале“, изјави Бензема.

На седум минути до крајот Бензема ги постави конечните 4:3 со гол пенал и тоа со паненка.

„Во глава секогаш си имам дека ако не шутнете пенал, нема ниту да промашите. Потребна е само ментална цврстина, тоа е тоа. Имам огромна самодоверба и на крајот на се излезе како што треба“, порача Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…