Дома Фудбал Бензема: Зошто кога се зборува за најдобрите се изостава Винисиус?

Бензема: Зошто кога се зборува за најдобрите се изостава Винисиус?

Карим Бензема игра одлична сезона во дресот на Реал Мадрид во која постигна 44 гола и запиша 15 асистенции, така го одведе Реал до титулата шампион на Шпанија, а ги чека и финалето во Лигата на шампионите.

Во интервјуто пред саботното финале против Ливерпул Бензема зборуваше на разни теми, една беше и најдобрите фудбалери во светот. За него кога се зборува за најдобрите неоправдано се изостава Винисиус.

„Зборуваат за најдобрите, а не го споменуваат Винисиус кој постигнува голови, асистира…прави се. Тој е во топ 5 играчи на светот. Многу зборувам со него затоа што мислам дека може да биде уште подобар од она што е во овој момент. Секогаш му кажувам да биде фокусиран затоа што сам може да ни донесе победа“, го пофали Бензема својот помлад соиграч.

Бензема и Винисиус заедно сезонава беа вклучени во 101 гол на Реал Мадрид, бразилскиот напаѓач на 51 натпревар постигна 21 гол и подели 20 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема објави фотографија од авион па веднаш ја избриша

Францускиот напаѓач Карим Бензема се најде во центарот на вниманието поради една објава на…