Дефанзивецот на Јувентус, Мехди Бенатиа беше еден од главните актери на реванш дуелот од ЛШ против Реал Мадрид.
Мароканецот во 93-та минута, според мислењето на судијата Оливер, го фаулираше Лукас Васкез, по што беше досуден пенал кој Роналдо го претвори во гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум на својата игра и на враќањето на Јувентус, но ми се згади светот на фудбалот. Можеби е грубо тоа што го кажав, но кога ќе го направите тоа што успеавме да го направиме ние, судијата не смее да досуди според пенал во 93-та минута“, смета Бенатиа.
Со тој гол Реал успеа пред продолженијата да обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампиони.
„Требаше мечот да замине во продолженија. Доколку направев прекршок, искорено ќе признаев. Направив се за да не го допрам Васкез. На крајот на краиштата фудбалот е спорт каде постојат контакти. Грозно се чувствувам, лошо ми е, но тоа е животот, тоа е фудбал“, додаде Бенатиа.
Le empuja con las dos manos. El pie izquierdo a la altura del pecho. Pero oigan, no es penalti. El torpe es Benatia. Penalti claro. pic.twitter.com/MunljBuzHL
— José Luis Sánchez (@JLSanchez78) April 11, 2018