Дома Топ вести Бенатиа: Бев пред потпис во Милан, но…

Бенатиа: Бев пред потпис во Милан, но…


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Мехди Бенатиа ова лето од Баерн Минхен се пресели во Јувентус, но откри дека бил на само чекор од трансфер во Милан.

Бенатиа пред утрешното дерби меѓу Милан и Јуве откри дека разговарал со Монтела и дека бил спремен да го облече „црвено-црниот“ дрес, но трансферот не можел да се реализира поради купопродажата на клубот и на крајот завршу во Торино.

„Монтела ми се јави неколку пати ова лето. Сакаше да ме донесе во Милан, но требаше да ги чека новите сопственици и жалам што немаше доволно време да се реализира трансферот. Потоа ми се јави Јувентус и одлучив да ја прифатам нивната понуда“, истакна Бенатиа.

„Монтела е одличен тренер и многу добар човек. Малдини е мојот идол уште од дете и затоа веднаш ја прифатив понудата на Милан. Но, трансферот не се реализира и сега сум среќен во Јуве. Утре ќе победиме ние 2:0“, додаде Бенатиа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тухел го „краде“ Даклан Рајс пред носот на премиерлигашите

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Фудбалерот на Вест Хем и англиски репрезентативец, …