Дома Македонски спорт Мак ракомет Без Манасков и Георгиевски: Лазаров објави список за двомечот против Португалија

Без Манасков и Георгиевски: Лазаров објави список за двомечот против Португалија

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојниот двомеч со Португалија во квалификациите за ЕП 2024.

Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија. Првиот натпревар сениорите ќе го оддиграат на домашен терен на 09.03.2023 год со почеток во 19:00 часот, а потоа на 12.03.23 гостуваат во Португалија, натпреварот ќе се одигра во Порто со почеток во 18:30 часот.

На списокот ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски. Во наредните денови се очекува Лазаров и да го скрати списокот.

Пласманот на Македонија е скоро обезбеден, но овој двомеч со Португалија е битка за првата позиција, двете селекции имаа максимални две победи по првите натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…