Во септември 2020 година Барселона го потврди трансферот на десниот бек од Ајакс Сержињо Дест кој пристигна во клубот за 21 милион евра.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дест со Барселона тогаш потпша договор на пет години, а клубот го заштити со откупна клазула според која некој може да го откупи за 400 милиони евра. Сега „АС“ пренесува дека ситуацијата се променила и дека Чави го известил 21-годишниот репрезентативец на САД дека може да замине.




Доаѓањето на Азпиликуета, останувањето на Серхио Роберто и можноста Дани Алвес успешно да ја одработи следната сезона се причините за ваквата одлука. Сепак, во Барселона ќе се обидат и да ја искористат ситуацијата со договорат за и да заработат нешто повеќе. Интерес Дест претходно покажаа Севиља и Баерн.