Дома Трансфер зона Барселона одбила 100 милиони за Ансу Фати

Барселона одбила 100 милиони за Ансу Фати

Претседателот  на Барселона, Жосеп Бартомеу одбил богата понуда за 17-годишниот талент Ансу Фати, пренесува каталонски „Спорт“.

Според весникот во четвртокот имало виртуелна средба на целото раководство на која се зборувало за потенцијални трансфери и продажба на играчи.

На средбата Бартомеу открил дека еден голем европски клуб бил спремен да плати 100 милиони евра за Ансу Фати. Меѓутоа, сите донеле едногласна одлука дека младата ѕвезда не е на продажба и нема да се разгледуваат понуди за него.

17-годишниот талент на почетокот на сезоната доби шанса во првиот тим и веднаш покажа дека станува збор за вонсериски талент. Наскоро се очекува да потпише нов договор со Барселона во кој ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан влегува во трката за Сандро Тонали

Милан после паузата игра како препороден и најверојатно ќе обезбеди пласман во Лига Европа…