Дома Фудбал Барселона на Баерн мора да му исплати уште пари за Левандовски

Барселона на Баерн мора да му исплати уште пари за Левандовски

Барселона ќе мора да му исплати на Баерн Минхен бонус во износ од 1.25 милиони евра поради договорот во трансферот на Роберт Левандовски, пренесуваат каталонските медиуми.

Левандовски (34) во Барселона пристигна од редовите на Баерн Минхен за сума од 45 милиони евра. Во неговиот договор беше вклучена и клазула од 1.25 милиони евра ако полскиот голгетер постигна најмалку 25 гола во една сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Полјакот постигна гол во 1/16 финалето од Лигата на Европа протрив Манчестер Јунајтед. Барселона изгуби со 1:2, а единствениот гол беше негово дело. Тој гол за Левандовкси беше 25-ти во 30 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.

Затоа медиумите пренесуваат дека Барселона во наредните денови ќе мора да ја исполни обврската и да го исплати бонусот кон Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување во Барселона: Флик сака да го врати „предавникот“ за 70 милиони евра!?

Барселона повторно го пропушти Нико Вилијамс, Луис Дијаз е прескап, па сега се појави нова…