Дома Фудбал Барселона може да биде без Меси и во финалето против Билбао

Барселона може да биде без Меси и во финалето против Билбао

Лионел Меси не играше во полуфиналето на Суперкупот на Шпаниј,а а Барселона без Аргентинецот после изведувањето на пенали го елиминираше баскискиот клуб.

Поради повредата Меси е неизвесен и за настап во финалето против Атлетик Билбао кое се игра во недела. На денешниот тренинг Меси повторно тренираше индивидуално.

Според она што го пишуваат шпанските медиуми Меси заработил мала повреда на мускулот на ногата во дуелот со Гранада минатиот викенд.

Затоа се пишува дека Куман можеби нема да сака да ризикува со Меси и ќе го остави на клупата и за финалето против Атлетик Билбао. Ќе потсетиме, Билбао вчера го елиминираше Реал Мадрид и не дозволи во финалето да гледаме „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани позитивен на коронавирус

Aдријано Галијани, 76 годишниот директор на второлигашот Монца е заразен со коронавирус. С…