Дома Трансфер зона Барселона испрати понуда за напаѓачот на Бетис

Барселона испрати понуда за напаѓачот на Бетис

Барселона е во потрага по напаѓач, после повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле.

Каталонците не успеаа да купат „деветка“ во зимскиот преоден рок, а после повредата на Дембеле Фубдалскиот Сојуз на Шпанија им дозволи да направат вонреден трансфер надвор од преодниот рок. Условот е играчот да биде регистриран во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, што значи дека не можат да доведат играч од друго првенство.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Со Барселона се поврзуваат многу имиња, но разбирливо е дека клубовите тешко ги пуштаат своите играчи на средина од сезоната, па така многу клубови ги одбија понудите од Каталонците, а сега на ред е Бетис.

Имено, Барселона испратила понуда од 15 милиони евра за Лорен од Бетис. Клубовите се во контакт и се чека одговор на клубот од Севиља.

Лорен во досегашниот дел од сезоната одигра 22 натпревари во Примера на кои постигна осум гола. Оваа понуда е сигурно примамлива за Бетис, но единствен проблем е што во тимот имаат само уште еден класичен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…