Eкипата на Барселона неодамна го раскина договорот со 23 годишниот бразилски фудбалер Матеус Фернандес.
Иако имаше договор до летото 2025 годин, Барселона го раскина договорот со овој фудбалер, а Бразилецот бил известен преку емаил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не знаев за отказот и кога добив раскин на договорот не можев да верувам. Без разговор, без ништо. Дури не ме повикаа да се поздрават. Бев дома со сопругата и од клубот ме прашаа дали го ја користам истата емаил адреса. Им потврдив, а потоа ми испратија раскнување на договорот. Не сфатив веднаш што се случува, го испратив документот на мојот менаџер и адвокат и ми кажаа дека тоа е тоа, раскинување на договорот“.
Фернандес бил разочаран од односот на клубот за кој навивал од мали нозе.
„Немаше да биде ништо ако ме повикаа на разговор. Многу непрофесионално и лошо од нивна страна. Препуштив се на својот адвокат. Сонував да го облечам дресот на Барселона и кога дојдов тука не се однесуваа кон мене како кон професионалец. Сите други играчи беа претставен, јас не. Тоа ми пречеше“, изјави Бразилецот.