Играчот за врска на Барселона, Фребки де Јонг бил купен против волјата на тренерот Ернесто Валверде, пренесуваат холандските медиуми.
Како што е познато 22-годишниот плејмејкер потпиша за каталонскиот гигант во јануари за сума од 75 милиони евра, плус 11 милиони како бонуси, а се пресели на „Камп Ноу“ ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Јонг имаше понуди од неколку клубови, но самиот инсистираше да се пресели во Барселона. Холандските медиуми исто така го критикуваат Валверде за начинот на кој го користи Де Јонг.
„Го користи премногу дефанзивно и не му дава многу простор. На тој начин играчот има вклучена автосопирачка. Па така не доаѓа до израз неговата доминација на средината од теренот“, пишува „Телеграф“.
? Lo quería media Europa, pero el Barcelona fue el que lo consiguió
— Diario AS (@diarioas) December 20, 2019
? El técnico azulgrana no estaba interesado su fichaje https://t.co/Vig7Fj9nrh