Дома Трансфер зона Барселона го контактирала Олмо!

Барселона го контактирала Олмо!

Неизвесна е ситуацијата со Дани Олмо. „Бисерот“ на Динамо е спремен да направи исчекор во кариерата.

Дани Олмо во последно време се поврзува со повеќе европски клубови, а најмногу со Милан и Барселона. Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории и сега Каталонците сакаат да го вратат.

Луис Суарез ќе го пропушти остатокот од сезоната, па Барселона бара негова замена. Олмо е тип на играч кој му се допаѓа на новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен.

Според информациите на „Мундо Депортиво“ Барселона го контактирала Олмо и побарала од него да ги почека неколку дена за да се договорат со Динамо. Смената на тренерската клупа на Барселона исто така влијаеше на овој трансфер.

Олмо со Динамо има договор до 2021 година и изгледа дека на сите негов трансфер во Интер. Од неговото заминување Динамо би требало да заработи околу 30 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се откажа од него во 2013 година, а сега го сака назад за 90 милиони евра

Даклан Рајс е најдобриот фудбалер на Вест Хем во изминатата сезона во Премиер лигата. Стан…