Барселона после само шест месеци го раскина договорот со холандскиот фудбалер Мајк Ван Биенен кој на пошироката јавноста стана познат кога во Каталонија пристигна со Френки Де Јонг.
Многу навивачи на Барселона се прашуваа кој е Ван Биенен, а сега стана јасно дека е играч кој во нормални околности никогаш не би го привлекол интересот на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој во Барселона стигна затоа што е син на агентот на Де Јонг Али Дурсин. Дурсин имаше голема улога во трансферот, па како награда неговиот син потпиша за Барселона, но и доби откупна клазула од дури 95 милиони евра.
Биенен беше испратен во Барселона Б и од тогаш не одигра ниту еден натпревар за резервистите на Барселона.
Во Барселона сега сфатија дека Биенен залутал во клубот и дека не му е местото тука. Дури ниту моќниот татко и неговиот познат другар (Де Јонг) не можеа да ја спречат Барселона да му ја покаже излезната врата после само шест месеци.