Барселона има за цел да го врати Лионел Меси на „Камп Ноу“ ова лето, објави новинарот Жерар Ромеро.
Меѓутоа, за тоа на клубот ќе му треба финансиска помош од повеќе спонзори затоа што се наоѓаат во криза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според Ромеро, каталонскиот гигант почнал да работи на договори со големи спонзори кои би можеле да помогнат да се врати Аргентинецот во Барселона.
Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а засега двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Барселона сака да ја искористи ситуацијата и да ја врати легендата на „Камп Ноу“. Меси играше за Барселона од 2005 до 2021 година, а притоа настапи на 778 меча, при што постигна 672 гола и 303 асистенции.
🚨 NOTICIA @JijantesFC
— Jijantes FC (@JijantesFC) April 3, 2023
El Barça trabaja con patrocinadores importantes para poder financiar el regreso de Leo Messi. El retorno del astro argentino abre la puerta a mercados financieros que quieren la vuelta de Leo en Barcelona.
🔗 ¡Lo contamos aquí 👇!https://t.co/OGW0AKAWMl