Дома Топ вести Барса ќе мора да продаде неколку ѕвезди поради новиот договор на Меси

Барса ќе мора да продаде неколку ѕвезди поради новиот договор на Меси

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона и Меси конечно постигнале договор за продолжување на соработката, но тоа ќе создаде дополнителни финансиски проблеми во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Марка“ пренесува дека Барселона поради новиот договор со Аргентинецот ќе мора драстично да се намали трошоците предвидени за плати во клубот, и тоа за 200 милиони евра.

Барселона ќе мора да „исчисти“ 200 милиони евра од сметките за плата за да влезе во рамките на регулативите поставени од Ла Лига.

Каталонскиот гигант ќе мора да стави некои од своите ѕвезди на трансфер листа за да ја наолни касата.

Медиумите откриваат дека на продажба ќе бидат ставени, Гризман, Кутињо, Осман Дембеле, Умтити, Пјаниќ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…