Дома Топ вести Барса си најде одличен бек за без пари!

Барса си најде одличен бек за без пари!

Главна цел на Каталонците во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на десен бек, кој ќе може соодветно да го замени Дани Алвеш.

Алеиш Видал не ги задоволува барањата на Луис Енрике, па во јануари сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“, а Каталонците се во потрага по квалитетно засилување на таа позиција.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Иако во моментов Серџи Роберто одлично игра како десен бек, сепак тоа не е негова природна позиција и Луис Енерике сака да ја засили конкуренцијата.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека првиот избор е Лихштајнер од Јувентус, на кого договорот му истекува на крајот на сезоната.

Швајцарецот оваа сезона добива мала минутажа пради пристигнувањето на Дани Алвеш, па уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.

Лихштајнер во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со Барселона, а весникот тврди дека можно е двата клуба да постигнат договор за трансфер на зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…