Дома Македонски спорт Мак фудбал Барди: Нема поголема мотивација од тоа што сме тука!

Барди: Нема поголема мотивација од тоа што сме тука!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди смета дека последните два квалификациски дуели за ЕП се многу важни и затоа треба да се влезе максимално за да дојдеме до позитивен резултат.

Македонија моментално е на третата позиција на табелата и има шанси да го запише најдобриот пласман во едни квалифиакции.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Сеуште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство, изјави Барди.

„Мислам дека поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4:1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација“, додаде македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…