Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн Минхен и ПСЖ први четвртфиналисти во Лигата на шампиони🎥

Баерн Минхен и ПСЖ први четвртфиналисти во Лигата на шампиони🎥

Баерн Минхен и ПСЖ изборија пласман во четвртфиналето откако рутински ги победија Лацио, односно Реал Сосиедад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу понеизведно беше во Минхен, каде Баерн бркаше негатива од првиот меч, но покажа дека е супериорен во однос на Лацио.

Баварците од самиот старт тргнаа во напад, но првата голема шанса ја имаше Лацио преку Имобиле. Само неколку минути подоцна Хари Кејн погоди за предност од 1:0.

При самиот крај на првиот дел Милер зголеми, а конечните 3:0 беа дело на Хари Кејн, за пласман во четвртфиналето.

ПСЖ со голема предност пристигна на „Сан Себастијан“ од првиот меч, но запиша нова победа, а во главна улога повторно беше Килијан Мбапе кој постигна два гола (1:2)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…