Дома Трансфер зона Баерн во јануари го носи најскапото засилување во историјата

Баерн во јануари го носи најскапото засилување во историјата

Баерн е на лидерската позиција во Германија, но сака да се врати на врвот на Европа, па поради тоа раководството на баварскиот гигант го спрема најголемиот трансфер во историјата.

Имено, како што пренесуваат германските медиуми Баерн Минхен е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Јаник Караско.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Шпански „АС“ тврди дека Караско ја завршил својата епизода меѓу „јорганџиите“, бидејќи од 1-ви јануари Диего Симеоне ќе може да смета на Диего Коста и Витоло.

24-годишниот белгиски репрезентативец оваа сезона не ги оправда очекувањата и не добива голема минутажа кај Симеоне, па и самиот е спремен да ја промени средината.

Караско има договор со „јорганџиите“ до 2022 година, но Баерн е спремен да плати 80 милиони евра за неговиот потпис.

Доколку се реализира овој трансфер Караско ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …