Португалскиот дневен весник „А Бола“ пренесува дека завршена е голема зделка помеѓу Атлетико Мадрид и Порто.
Двајцата фудбалери кои оваа сезона играат за Порто Алекс Телес и Хектор Ерера од наредната сезона ќе го носат дресот на Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Телес е 26 годишен лев бек кој во изминатите сезони на таа позиција се истакна како еден од подобрите во Европа. Доби повик во репрезентацијата на Бразил, а иако имаше повеќе заинтересирани страни, Атлетико стигна прв до неговиот познат.
Португалците пишуваат дека станува збор за сума од 30 милиони евра, иако Телес имаше откупна клазула од 40 милиони евра. Клубовите наводно се договориле за пониска цена, а останува да се види што е вистинската причина за тоа.
Мексиканецот Ерера исто така оваа сезона е еден носителите на играта на Порто. Станува збор за искусен 28 годишен играч од средниот ред кој пред Порто играше само за клубови од неговата татковина.
Причината за неговото заминување е што клубот не успеа да се договори со него за продолжување на соработката поради финансиските барања на фудбалерот кои станале терет за клубот. Атлетико според информациите немал проблем да ги исполни неговите барања, па овој фудбалер како слободен играч ќе се пресели во Мадрид по истекот на неговиот договор.
Како што тврди „А Бола“ трансферите на овие двајца играчи се договорени и се чека само официјалната потврда.
#AtléticoMadrid are looking to sign #FCPorto stars #HéctorHerrera and #AlexTelles this summer https://t.co/WZpCfUqfaU
— Andriy Moroz (@AndriyMoroz_) March 30, 2019