Атлетико Мадрид покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезона играше на позајмица во Гетафе.
Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но одигра одлична сезона во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед за откуп на 22-годишниот фудбалер бара 40 милиони фунти, а Атлетико е спремен да му понуди трампа.
Имено, Атлетико за да го добие Гринвуд го нуди Жоао Феликс, кој ќе се врати од позајмица во Барселона, а нема иднина во тимот на Симеоне.
🚨 Atlético Madrid are willing to offer João Félix in a swap deal for Mason Greenwood to Manchester United!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 29, 2024
(Source: @CrossyDailyStar) pic.twitter.com/lxAcII5avJ