Атлетико Мадрид се раздели со Алваро Мората и Мемфис Депај, па приоритет за „јорганџите“ ова лето е засилување на нападот.
Последните информации се дека „јорганџиите“ го договориле трансферот на најдобриот стрелец во Примера од минатата сезона, Артем Довбик.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Украинецот Артем Довбик, кој постигна 24 гола за Џорона веќе ги има договорено личните услови со Атлетико Мадрид.
Двата клуба се во напредни преговори и се очекува трансферот да биде комплетиран наскоро за 40 милиони евра.
Покрај Довбик, Атлетико наводно е многу блиску до реализација на уште еден трансфер. Станува збор за стоперот на шпанската репрезентација и Реал Сосиедад, Робин ле Норман, за кого ќе издвојат меѓу 25 и 30 милиони евра.
Artem #Dovbyk is one step away to #AtleticoMadrid from #Girona. Agreed personal terms for a contract until 2029. Atleti are now working to reach an agreement with Girona, which ask €40M. #transfers https://t.co/GGDYJuUvlE
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 22, 2024