УФЦ шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија.
Арапски богаташи му понудиле на Дагестанецот 200 милиони долари за во Саудиска Арабија да се бори со Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер. Оваа вест ја потврди менаџерот на Кабиб, Али Абделазиз кој преговарал со луѓето од Саудиска Арабија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно таткото на Кабиб бараше 100 милиони долари за неговиот син да прифати реванш со Конор. Богаташите таа негова изјава како едвај да ја чекаа. Тие ја нудат таа сума, но под услов борбата да се одржи во Ријад.
После реваншот со Конор, Кабиб би се борел во боксерски меч со Флојд Мејведер. За оваа борба би добил дополнителни 100 милиони долари.
Понудата секако и тоа како е примамлива, но останува да видиме дали на крај ќе ја видиме таа борба.