Дома Топ вести Асенсио е примарна трансфер цел на Милан

Асенсио е примарна трансфер цел на Милан

„Газета дело Спорт“ пренесува дека играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио е примарна трансфер цел на Милан.

„Росонерите“ сакаат да ја засилат десната крилна позиција и Малдини во Шпанецот гледа идеално засилување.

Асенсио влегува во последната година од договорот, па Реал е спремен да го продаде, а Милан стапил во контакт со „кралевите“.

„Росонерите“ веќе подолго време преговараат со неговиот агент и последните информации говорат дека Асенсио дал зелено светло за трансфер на „Сан Сиро“.

Реал за слободата на Шпанецот бара 30 милиони евра, а Милан е спремен да ја плати таа сума и сака да ја победи конкуренцијата на клубовите од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Икарди поради Ванда не може да најде нов клуб?

Mауро Икарди нема баш некое лето кое ќе го памети. Аргентинскиот репрезентативец е „вишок“…