И покрај фактот што се уште не е јасно кога ќе се отвори трансфер прозорецот ова лето, многу од големите клубови сепак почнаа да работат на трансфери.
Според информациите од Островот, „топџиите“ веќе спремиле понуда од 44 милиони фунти за играчот на Атлетико Мадрид, Томас Парти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот за врска има откупна клаузула во договорот од 44 милиони фунти, па Арсенал е спремен да ја плати бидејќи Африканецот е голема желба на Микел Артета.
Парти игра одлично во дресот на Атлетико и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па интерес за него покажуваат уште ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
Сепак, Атлетико нема така лесно да се откаже од Парти бидејќи е важен дел од тимот, па сака да му понуди нов договор со многу повисока клаузула.