Арсенал е на добар пат да го победи Милан во трката за потписот на бразилскиот репрезентативец Евертон, пренесуваат англиските медиуми.
23-годишниот крилен напаѓач имаше одличен настап за Бразил на Копа Америка и не крие дека сака ова лето да се пресели во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан уште пред неколку месеци започна преговори со Гремио, но сега Арсенал ќе се обиде да го „украде“ Бразилецот пред носот на „росонерите“.
Arsenal are interested in signing Gremio forward Everton Soares. The Gunners see Everton as a more financially viable option than Crystal Palace forward Wilfried Zaha. (Source: SkySports) pic.twitter.com/Yo1KN7yp6i
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 16, 2019
Раководните луѓе на Арсенал веќе пристигнале во Бразил и за потписот на Евертон се спремни да платат 28 милиони евра, плус 12 милиони во форма на бонуси.
Доколку Гремио ја прифати оваа понуда се очекува во следните денови трансферот да биде комплетиран и Евертон да пристигне во Лондон на медицински прегледи.
„Топџиите“ се во потрага по крилен напаѓач, па откако пропаднаа преговорите за Вилфред Заха се насочија кон бразилскиот репрезентативец.