Дома Трансфер зона Арсенал тргнува по Дембеле

Арсенал тргнува по Дембеле

Раководството на Арсенал покажува силен интерес за напаѓачот на Лиос, Муса Дембеле, пренесуваат англиските медиуми.

Се очекува „топџиите“ ова лето да се разделат со Обамејанг и Лаказет, па приоритет на Артета ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Лион остана без излез во Европа, па тешко може да ги задржи своите ѕвезди, а интересот за Муса Дембеле е огромен.

Арсенал сака да ја победи конкуренцијата, пред се од Манчестер Јунајтед и веќе стапил во контакт со агентот на играчот, а наскоро ќе испрати понуда.

Дембеле оваа сезона на 42 меча во сите натпреварувања постигна 22 гола, а неговата цена во моментов изнесува 50 милиони фунти.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан влегува во трката за Сандро Тонали

Милан после паузата игра како препороден и најверојатно ќе обезбеди пласман во Лига Европа…