Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми 60 милиони за Муса Дембеле

Манчестер Јунајтед спреми 60 милиони за Муса Дембеле

Раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да понуди 60 милиони фунти за ѕвезда на Лион, Муса Дембеле, пренесуваат медиумите на Островот.

Приоритет на „црвените ѓаволи“  во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а токму Дембеле е најголемата желба на менаџерот Солскјер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед веќе подолго време ги следи настапите на францускиот напаѓач и верува дека сега е вистинско време за реализација на трансферот.

Лион остана без излез во Европа, па тешко може да ги задржи своите ѕвезди, а интересот за Муса Дембеле е огромен.

Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата, пред се од Челзи и веќе стапил во контакт со агентот на играчот, а наскоро ќе испрати понуда од 60 милиони фунти.

Се верува дека таа сума ќе ги задоволи финансиските апетити на францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…