Дома Трансфер зона Арсенал и ПСЖ го сакаат незадоволниот играч на Атлетико

Арсенал и ПСЖ го сакаат незадоволниот играч на Атлетико

0

Играчот за врска на Атлетико Мадрид, Томас Парти може да си замине уште во јануарскиот преоден рок, пренесува „Марка“.

Репрезентативецот на Гана не е задоволен од својот статус во тимот на Симеоне и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Според извештаите на медиумите Парти нема да има проблем да си најде нов клуб, бидејќи за него сериозен интерес покажуваат Арсенал и Пари Сент Жермен.

25-годишниот играч за врска оваа сезона има девет настапи за Атлетико во сите натпреварувања, притоа постигна еден гол и запиша две асистенции.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус го напушта Реал Мадрид

Винисиус Јуниор ги искористи проблемите во Реал Мадрид оваа сезона и се наметна во првиот …