Арсенал покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија пренесуваат медиумите на Островот.
22-годишниот дефанзивец пристигна како слободен агент од Манчестер Сити во јуни 2021 година и се очекуваше да биде големо засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Гарсија не ги оправда очекувањата, па оваа сезона главно е на клупата за резерви. Во Барселона веруваат во неговиот потенцијал, но сметаат дека во моментов на „Камп Ноу“ нема простор за него.
Поради тоа Барселона е спремна да го продаде на лето и да заработи на неговиот трансфер, а како негова замена сака да го донесе Иниго Мартинез како слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е спремен да понуди 20 милиони фунти за неговиот потпис.