Арсен Венгер вчера наговести дека двете големи ѕвезди, Озил и Санчез, на кои им истекува договорот најверојатно ќе бидат продадени во јануари.
Арсенал веќе бара замена за Санчез и скаутите веќе подолго време го следат Мексиканецот Лозано кој е на мета и на Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лозано игра феноменално во дресот на ПСВ, но холандскиот клуб не сакаше да го продава во летниот преоден рок и за него бара да биде платена откупната клаузула од 30 милиони фунти.
Венгер е убеден дека Мексиканецот е идеална замена за Санчез и нема да жали пари да го донесе на „Емирати“ уште во јануарскиот преоден рок.