Дома Топ вести Анчелоти започнува реконструкција, седум ѕвезди ставени на продажба

Анчелоти започнува реконструкција, седум ѕвезди ставени на продажба

Карло Анчелоти се врати на клупата на Реал Мадрид и ова лето ќе направи реконструкција на тимот.

Неколку ѕвезди кои беа „недопирливи“ кај Зинедин Зидан повеќе не се приоритет на клубот, дознаваат шпанските медиуми.

Излезната врата ќе им биде отворена дури на седум фудбалери, а најзвучни имиња се секако Серхио Рамос, Варан и Иско.

Договорот на Рамос нема да биде продолжен, а Варан и Иско треба да ја наполнат касата на „кралскиот“ клуб.

На трансфер листа се ставени уште Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Мартин Одегард.

Примарна цел на „кралевите“ ова лето ќе биде Килијан Мбапе, а Анчелоти е во потрага по квалитетен дефанзивец и играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победа на сениорите против Црна Гора на втората „контролка“

Одличен настап на сениорите, и победа од (65:58) во втората „контролка“ со Црна Гора Гости…