Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри смета дека неговиот сонародник Антоан Гризман во моментов е најпотценетиот фудбалер во светот.
Французинот моментално е селектор на У-21 репрезентацијата на Франција, па по тој повод даде интервју за Le Parisien во кое се осврна на А репрезентацијата. Тој посебно реши да го истакне квалитетот на напаѓачот на Атлетико Мадрид.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Не смееме да го заборавиме Гризман, играч кој со секој натпревар не потсетува дека напорната работа е исто толку важна како и талентот. Гризман е убедливо најпотценетиот играч што постои“, тврди Анри и додаде:
„Секогаш зборуваме за Килијан, но Гризман… Погледнете ги асистенциите и головите. Кажете ми еден играч во историјата кој можел да игра на сите четири офанзивни позиции како него? Нема многу… А Гризу е еден од нив.”
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!